Македонската фолк пејачака Сузана Гавазова славеше роденден. Но, денот што го чекаме цела година, Сузето го дочека далеку од дома. Зашто работата не чека, а пред новогодишните празници за естрадните уметници ја има најмногу, па така Гавазова во моментот настапува кај нашите иселеници далеку отаде океанот, во Америка.

На дамите како што оддамна сме рекле, не им се бројат годините, но затоа им се бројат честитките. А, како што е редот, нејзините профили на социјалните мрежи беа преплавени со роденденски честитки. Од нејзините пријатели, роднини, колеги, соработници, верните следбеници, фанови и обожаватели на нејзината песна.

Блиски и подалечни, познати и непознати, сите кои посакаа со порака и го честитаа денот што ни ја обележува возраста секоја година.


Честитките различни, а желбите речиси исти: За здравје, среќа, успеси, многу нови хит песни, настапи, концерти, турнеи… Но сепак, во мноштвото честитки, една посебно се издвои. И тоа не било која, било каква и од било кого… Роденденска честитка што беше посебна, што и го стопи срцето и стопли душата на Сузана Гавазова.

А како и неби кога истат доаѓа од нејзините најмили, од нејзините две, веќе потпораснати ќеркички кои заради училиштето мораа да останат дома во Струмица, додека мама пее и печали во далечната Америка. Но затоа видеотехнологијата е тука да ја пренесе сета радост и сите роденденски желби на нејзините две принцези до неа… до нивната мама Сузана!
Пејачката пак исто така не остана должна никому, па и самата со неколку споделени думи во два- три реда ја искажа својата благодарност до сите што се сетија да и го честитаат денот што го чекаме цела година.
Ма само за добро нека е, нека (н)и се множат годините.
Фото и видео: Инстаграм/suzanagavazova






