Нема сомнеж дека новогодишната елка и декорација будат убави чувства и позитувна енергија.
Многумина сакаат да украсат со новогодишната декорација порано, уште од месец ноември, а исто така и сакаат да ја тргнат што подоцна, по завршувањето на Стара Нова. Па така, социјалните мрежи наголемо се полнат со видеа и фотографии од новогодишни елки од украсените домови.
Некои со повисока, некои со помала елка, бела или зелена, природна или вештачка, сеедно…
Каролина Гочева прегледувајќи ги своите известувања и пораки на Инстаграм, забележа една објава која и затаила периодов, а станува збор за елка каква не е слична на ниедна друга, а е инспирирана од нејзиниот евровизиски изглед од 2002 година.

Уникатна, оригинална и импресивна, оваа елка ја воодушеви Каролина која видеото го постави на своите објави и напиша:
-Разгледувам пропуштени постови на кои сте ме тагирале, ова ми е генијално, браво Зоки!- напиша Каролина.
Каролина тогаш во Талин, Естонија, блесна во контроверзниот фустан дизајниран од познатиот македонски креатор Александар Ношпал, кој денес послужи како инспирација дури и за една ваква несекојдневна елка.

Инаку, Каролина Гочева новогодишната ноќ ќе ја помине работно заедно со колешката Тамара Тодевска и тоа во Скопје.

Тие ќе настапат на Плоштад Македонија и заедно со скопјани под отворено небо ќе ја дочекаат Новата 2026-та година.
фото:Instagram printscreen/You tube/Karolina Goceva






