ТВ водителката Елена Стојановска на четириесет и четири години на социјалните мрежи се присети на една фотографија направена пред 20 години и ги потсети нејзините следбеници како изгледала тогаш.

Имено, еден нејзин колега реши на момент да ја врати Елена две децении наназад, испраќајки и стара фотка на која таа позира во седечка положба во здолниште и со нозете една над друга со симпатична насмевка на лицето.
Сето тоа водителката го објави и на Инстаграм па во описот напиша:
– Фотка од пред точно 20 години во Сити радио. Ми ја прати мојот колега кој и денес ми е колега во Сител.

Елена која е во петтата животна деценија речиси не се променила, наликува на девојче како тогаш, така и сега.

Инаку, таа на почетокот на оваа година се пофали дека е новопечена балерина, постојано докажува дека годините не и можат ништо , па ниту во остварувањето на нејзиниот сон – балетот.

Foto: print screen/Instagram/ enna_inna






