Радио Милева празнично

Велигденска магија од шаренило во домот на водителката Сања Савеска (фото)

Велигденска магија од шаренило во домот на водителката Сања Савеска (фото)

Велигденското украсување на домот за голем дел домаќинки претставува вистинско задоволство, а ова подразбира многу повеќе од само кошничка на масата со фарбаните велигденски јајца.

Украси во форма на зајачиња, јагниња, цветови од лалиња, пеперутки, зелена трева, ма што ли уште не за едно магично велигденско шаренило кое носи радост во домот за Христовото восресение.

Познатите Македонки редовно секоја година имаат пракса да се пофалат со вапсаните јајца, додека други сакаат да ја покажат и комплетната декорација во домот или барем онаа околу и во трепезаријата.

 

ТВ водителката Сања Савеска не се пофали дека станала во зори пред изгрејсонце за овој Велики четврток да фарба јајца, но затоа предвреме покажа дека се посветила на декорацијата и дека го украсила домот со преслатки велигденски свеќички во разни форми на јајца, животинки, растенија…

Колоритно, празнично, весело, токму толку колку што е потребно да донсе радост и свежина за овој празничен период.

фото:Instagram printscreen/ sanja_saveska

To top