Промотер

Давид Темелков сонот си го претвори во стварност со новиот албум – „Слушај животот штом диктира“ (ВИДЕО)

Давид Темелков сонот си го претвори во стварност со новиот албум – „Слушај животот штом диктира“ (ВИДЕО)

Со доза на голема возбуда и  својата препознатлива детска насмевка, актуелната македонска поп ѕвезда Давид Темелков,  на симболичниот датум 11.11. го претстави својот втор музички албум, кој има двојна верзија бидејќи решил да го издаде за две јазични подрачја, односно секоја песна да ја пее и на својот мајчин македонски јазик, а песните да ги пее на хрватски, српски и италијански, што значи дека подеднакво ја споделил својата љубов со своите сограѓани Македонци, но и со хрватскиот народ каде што живеел, и генерално со целата регионална публика која го сака пред сè поради неговиот топол, прониклив глас.

„Драги луѓе,  сонот стана стварност“, рече Давид во приказните на својот Инстаграм во моментот кога го држеше ЦД-то кое „свежо“ пристигна од Скопје во рацете, а неговата широка насмевка зборуваше многу за среќата што пејачот ја сподели со своите обожаватели. Не треба да се сомневаме дека албумот бил внимателно подготвен, бидејќи по песната „Моја Македонија“, од Давид се очекуваше да направи апсолутно многу, односно песни што треба да се натпреваруваат со ремек-делото што го испеа. Со оглед на неговиот одличен вокал, фантастичните соработници, искуството и можностите што ги има, како во Хрватска, така и во Македонија, не се сомневаме дека сите 13 песни на албумот се испреплетуваат како еден вид бајка, нудејќи емотивно искуство и вистинско уживање додека се перцепираат.

Со посебен пиет Давид објасни дека со албумот слушателите ќе добијат еден У-Ес-Бе стик, на кој се сместени сите негови стари песни, но и сите видеоспотови како бонус за оние што ќе го купат неговиот прв албум и со овој гест покажа дека сака на својата публика да и приушти специјално изненадување. Албумот се вика „Слушај животот што диктира“, според насловната песна која веќе се врти на радио брановите и која го носи сензибилитетот на Темелков и негативната питко-мелемна боја на гласот.

Ова е неговиот втор албум кој го носи печатот на Давид, и го потврдува неговиот импресивен индивидуален пристап кон музиката. Преку насловната песна апсолутно можете да ја почувствувате неговата искреност, бидејќи текстот е едноставен, но моќен, а фокусот е на човечките емоции, кои сите ги доживуваме во одредени периоди, поради што Давид вели дека овој албум не е пресметан, туку искрено произлезен од срце. Затоа, запомнете ги овие стихови кои велат: Не ја продавај својата душа и твоето срце повторно ќе танцува, љубовта е среќа кога имаш некого дома да те пречека…“.

Во продолжение проследете го и видеоспотот за насловната нумера…

Автор: Биба Крнческа/svet-australia.com

Фото: Инстаграм/davidtemelkov_official

To top