Eден од најголемите и најпрепознатливи македонски интерпретатори на народна музика Наум Петрески премиерно ја претставува својата најнова авторска песна „А ти, а јас“, која за првпат ѝ се претставува на јавноста.
Комплетен автор на композицијата е проф. Марјан Јанкоски, кој ги потпишува музиката, текстот и аранжманот.

Песната е снимена со големиот студиски оркестар на Klarion Music Production, составен од 15 професионални музичари, во целосно акустична изведба.
Ова музичко издание претставува поинаков продукциски и аранжмански пристап во однос на акустичниот албум на Наум Петрески, кој во моментов се наоѓа во завршна фаза на реализација во Klarion Studio. За разлика од интимниот, препознатлив тамбурашки призвук што го карактеризира претстојниот албум, „А ти, а јас“ носи побогат оркестарски звук, поширока инструментална формација и поинаква музичка атмосфера, притоа задржувајќи ја автентичноста на акустичната изведба и препознатливата интерпретација на Наум Петрески.
View this post on Instagram
Во време кога музичката продукција сè повеќе се потпира на електронски и виртуелни инструменти, Klarion Music Production продолжува доследно да ја негува својата филозофија — автентичен, органски звук, природна динамика и музика создадена од вистински музичари.

Целокупното снимање, музичката продукција, миксот и мастерингот се реализирани во Klarion Studio – Скопје, под продуцентско водство на Дејан Ангелевски.

Со ова издание, Klarion Music Production ја продолжува својата мисија за создавање висококвалитетна акустична музика и зачувување на автентичниот звук на македонската музичка традиција.

Новата песна „А ти, а јас“ е достапна на официјалниот YouTube канал на Klarion Music Production:






