Промотер

Музичко збогување со тековната година или најава за нешто големо во 2027-ма: Софија Манева со со акустична верзија на – „Секој ден“ (ВИДЕО)

Музичко збогување со тековната година или најава за нешто големо во 2027-ма: Софија Манева со со акустична верзија на – „Секој ден“ (ВИДЕО)

Атрактивната кавадарчанка Софија Манева има уште еден музички адут за публиката! На самиот финиш од 2026 година, пејачката реши да ги разнежни своите обожаватели со нова, акустична верзија на една од нејзините омилени песни – „Секој ден“, овојпат во дует со Јован Радњански.

Без голема продукција, без раскошни аранжмани и музички ефекти, туку само со гитара, два вокала и многу емоции, Софија и Јован ѝ дадоа сосема нов живот на песната. Интимната изведба ја става во преден план убавината на мелодијата и стиховите, претворајќи ја во вистинско музичко уживање.

Инаку, „Секој ден“ е песна со текст на Перо Манев и музика на Јован Радњански, а токму оваа композиција Софија ја избра за финале на својот циклус акустични преработки на старите песни. Видеото премиерно беше објавено на 22 ноември и претставува последно музичко издание на пејачката за оваа година.

Софија не крие дека за неа „Секој ден“ има посебна вредност, пред сè поради прекрасниот текст, кој и по толку време ја носи истата емоција.

Но, ако мислевте дека со ова пејачката ќе стави музичка точка за подолго време, се лажете! Манева веќе подготвува нешто сосема поинакво за 2027 година. Според нејзината најава, уште на почетокот на новата година ја очекува публиката со смел музички проект со сериозна музичка тежина, кој ќе ја однесе во поинаков музички правец.

Што точно подготвува Софија засега останува мистерија, но очигледно е дека тивкото акустично збогување со 2026-та е само најава за нешто многу поголемо.

Дотогаш, уживајте во „Секој ден“ – во новото, емотивно дуетско издание на Софија Манева и Јован Радњански!

To top