Инфлуенсерката Луна Ѓогани повторно го привлече вниманието на своите следбеници на Инстаграм, каде што објави фотографии во необично модно издание кое никого не остави рамнодушен.
Луна се одлучила за розов комплет составен од блуза со долги ракави и отворено деколте, како и широк долен дел. Целата комбинација ја надополнила со розови патики и чанта во иста боја, па од глава до пети била во знакот на оваа нежна нијанса.

Луна ја пуштила косата да ѝ паѓа во благи бранови, а се одлучила за дискретна шминка која дополнително ја нагласила нејзината природна убавина.

Сепак, она што на многумина прво им паднало во очи било нејзиното нагласено деколте, кое во ова издание дефинитивно било во преден план.

Луна уште еднаш покажа дека знае да привлече големо внимание дури и со лежерни модни комбинации.

Да потсетиме, инфлуенсерката многу се грижи за својот изглед, а неодамна покажа и дека редовно оди на тренинзи.
Луна најпрво објавила фотографија од лифтот, на која позирала во спортско издание. За тренингот избрала црни хеланки и бордо маица, врз која облекла црна шумлива јакна.
Стајлингот го надополнила со црно-сиви патики, додека косата ја собрала со црна лента за глава.
foto: printscreen/instagram/luna_djogani







