Драган Чолиќ, братот на Здравко Чолиќ, пееше во ресторан и ги воодушеви присутните.
На социјалните мрежи се појави видео од помладиот брат на Чолиќ како се забавува во ресторан, а кога пејачот Нено Муриќ го приближи микрофонот до него, Драган ја отпеа песната „И ти остана сам“.
Здравко Чолиќ е легенда, но и неговиот брат Драган добро пее…слушајте“, напиша Нено.

Многумина коментираа дека, покрај неверојатната физичка сличност, Чола и неговиот брат Драган делат и талент за музика, но имаше и такви кои веруваа дека Драган не е ни блиску до Здравко.
Братот на Чола живее во Белград и води ќебапчиница, каде што подготвува ќебапи според оригиналниот сараевски рецепт, кој наводно го купил од познатиот мајстор Хоџиќ.

Познатиот пејач и неговиот брат биле многу блиски целиот свој живот и биле голема поддршка еден на друг, особено по смртта на нивната мајка.
Foto: Printscreen/Instagram/dragancolic//neno.muruc







