Радио Милева затечен

Пред летото сите сакаат некој килограм во минус, само Ламбе замина во плус (фото)

Пред летото сите сакаат некој килограм во минус, само Ламбе замина во плус (фото)

Пејачот Ламбе Алабаковски врти сучи повторно замина преку океанот, само овој пат на друг континент – овој пат Австралија.

Алабаковски цел месец април е на турнеја кај дијаспората каде настапува низ Австаралија заедно со момците од „Некст тајм“.

 

Колегите заедно го јачаат патриотскиот дух преку песна, а на нашинците таму, тоа и како им прави мерак.

Австралија има само мал дел од годината кога не е топло, па Ламбе се најде затечен во лето на турнеја, па до атлетското тело за на плажа и не стигна да допре.

Затоа разголувањето на плажа останува за некое друго време, па сега со зголемениот стомак позира само со маичка.

Алабаковски го паметиме како слабо и вито момче, па овој негов изглед е голема промена и изненадување.

Со крајот на април Ламбе се враќа дома во својата Македонија, па пред своето македонско лето се уште има време  да се запоти и од плус тргне во минус до посакуваното.

фото:Facebook/ Ламбе Алабаковски

To top