Александар Михајловски – Хонда, синот на актерот Тони Михајловски беше гостин во поткастот на Лазаров. Меѓу останатите нешта тој отвори душа, па искрено зборуваше за борбата со зависностите, за пеколот низ кој поминал откако заглавил во канџите на алкохолот и опијатите.

Откако Стефан му рече на Александар дека спомнува алкохол и наркотици, тој одговори: „Да бе да, сум го живеел тој живот јако“ – алудирајќи на тоа дека имал и тоа како искуство со овие пороци… Неговата приказна слушнете ја во клипот подолу.
„Ова го зборувам за да кажам дека е лош пример. Ова не го кажувам како нешто со кое што се гордеам“ – рече тој и сподели дека поради сето ова страдало неговото ментално здравје.
„Ја забаталив мојата кариера, побитно ми беше да зглавам до 5 сабајле со тањирот и со пиење и со сите тие с*ања. Дисциплината е спасот. Дрогата и алкохолот се сра*е. Мангуп не си ако можеш да средиш 2 грама и испиеш литар алкохол. Не можев да се замислам без да дувам и пијам. Тоа ме доведе до тепачки, до тоа да ме избодат со нож. А јас се излечив со спорт. Почнав да трчам, да спортувам… Сега веќе пет години не пијам, две години не дувам… Ова го зборувам зашто сакам младите да сфатат дека тоа е погрешно. За сите што гледате, а сте имале проблеми со ваква работа: Спортот е единственото решение… А најбитно за да се откажеш е верба во Бога“ – – зборуваше онака отворено за своето не така дамнешно минато Александар.

Неговата искрена исповед сепак ја подели јавноста. Особено жестоки беа коментарите на социјалните мрежи каде многумина не се согласија со поентата која требаше да биде извлечена од неговата не така дамнешна животна приказна, кога заглавил во прегратките на алкохолот и дрогата.
Коментарите „отровни“ , па искреноста на Хонда не само што не ја разбраа и поуката прифатија, туку синот на Тони Михајловски за малку што не го распнаа!
Но од друга страна не беа баш сите негативно настроени кон приказната за неговите порочни проблеми. Имаше и такви кои во коментарите порачаа дека ова е храбар потег и добра поука за сите млади луѓе, како не треба.

Сопругата на Александар, Ангела Михајловска направила избор од тие коментари, па ги објавила на своите Инстаграм приказни.

И од едните и од другите… И оние полни со осуда, предрасуди, па дури и гнасотии, до оние со кураж, поука, оправдувања за искреноста и храброста.

Тони Михајловски пак, истите тие ги реобјави, а со нив и коментарот на неговата снашка:

„Овие се тие што одат директно во рајот, безгрешните! Се надевам дека децата ваши се на правиот пат и најискрено се надевам дека ја немаат вашата гнасотија во душата, како вас.
П.С. Јас не можам да сум погорда жена… и да, исти се со татко му, прекрасни“! – споделила сопругата на Хонда, алудирајќи на нејзиниот сопруг и свекорот, синот и таткото Михајловски!
Фото и видео: Фејсбук/Lazarov Podcast/ Инстаграм/afreckledgirl







