На социјалните мрежи доста често се појавуваат ретро фотографии од познатите од кои сме ставени на тест на распознавање. Ова копање по спомените од минатото најчесто знае да ни разбуди убави спомени од детството.
Овој пат, гледате едно мало слатко девојченце со темна коса, полно устиче и неодоливи црни коси очиња.

Некогашна манекенка и македонска мисица, подоцна презентерка и водителка се’ до не денес, кога е зрела жена по возраст, но со младешки лик по изглед. Убавина, шарм, стабилност и сигурност зрачат од нејзиниото лице, особено кога ги презентира вестите на Канал 5 ТВ , каде се краси последниве години. Веруваме дека веќе погодувате за кого се работи…
Токму така, на фотографијата е Татјана Стојановска.

Татјана со овие хронолошки наредени фотографии од своето растење ги изненади своите следбеници.

На онаа каде веќе е потпорасната и облечена во долго фустанче, веќе делумно може да ја препознеме нејзината физиономија од ликот кој денес и тоа како е препознатлив за целата македонска јавност.
Инаку, Татјана Стојановска е родена на 13 ноември 1974 во Скопје – македонска ТВ презентерка и поранешна Мис на Македонија 1992. По изборот за Мис на Македонија почнува да работи во Македонската Радио Телевизија, прво како водител на утринската програма Добро утро Македонијо, а потоа и како презентер на вести до 2003 година од кога продолжува со работа во А1 Телевизија.

Од 2011 е презентер на вести во Канал 5 Телевизија, а во нејзината кариера се вбројуваат и водење на многу фестивали, корпоративни настани, свечени академии.
фото:Instagram printscreen/ tatjana.stojanovska







