Мајката на Александра Пријовиќ објави фотографија на Инстаграм со својот партнер Фахрудин Буљубашиќ, на кого му упати емотивни зборови.
„Мој драг Фахрудин Буљубашиќ Факс, среќен роденден!“ напиша вчера Борка Михајловиќ во описот на нивната заедничка фотографија, а честитките само продолжуваа да пристигнуваат.
View this post on Instagram
Интересно е што Фахрудин и нејзиниот зет Филип Живојиновиќ ги слават своите родендени на ист ден, 19 август, а по истиот повод, Александра му се обрати на својот сопруг на социјалните мрежи: „Среќен роденден. Те сакам“.
Филип вчера наполни 40 години, додека Прија има 29.

Мајката на Александра Пријовиќ е во среќна врска со години, а првите заеднички фотографии на Борка и пејачот Фахрудин Буљубашиќ се појавија дури во 2021 година.
Foto: print Screen/Instagram







