Пејачката Елена Велевска и покрај тоа што ја гази петтата животна деценија и има долг стаж на естрадата, таа се’ уште е во редот на најатрактивните, најпопуларните и секако најбараните фолк пејачки кај нас.
Нејзиниот физикус, атрактивноста, зачинети со честите трансформации на изгледот, ја направија една од највечатливите жени на естрадната сцена.
Никој од нас не останува поштеден на времето и годините кои поминале, па оттука природно и нормално е да изгледаме поразлично од некогаш.

Елена се присети на една нејзина летна бикини фотосесија во Охрид од пред девет години, и сакаше да ги потсети фановите и следбениците на Елена од тоа време.
Денес, свесна дека не е иста како некогаш, но и доволно самокритична за да каже дека одразот во огледалото не е ист како некогаш. Сепак, она што го има и носи со себе со сиот свој сексапил, несомнено предизвикува внимание.

Особено сега, кога е пеколно жешко, па лесните парчиња облека, па и оние што откриваат повеќе гола кожа како бикини се првиот избор…

Ама Велевска овој пат не понуди плејада нови фотки, туку оние ретро кадри каде нејзиното тело вретено е испружено како змија на карпите.

Фотосесија на која веројатно ќе се сетите ако веќе се ја виделе еднаш, а Елена со драго срце и радост ги прелистува низ спомени.

Охридска фото- егзотика во боја на сино, зелено и златно од 2016 година која денес повторно ги собра сите пофалби и комплименти.
фото: Facebook/Elena Velevska





