Радио Милева кралица на попот

Мадона го прослави 67 -миот роденден на коњска трка во Италија – сите гледаа во нејзините раце

Мадона го прослави 67 -миот роденден на коњска трка во Италија – сите гледаа во нејзините раце

Поп-легендата Мадона го прослави својот 67-ми роденден во Тоскана, Италија, со посета на фестивал на коњски трки стар неколку векови.

По кратка посета на Фиренца, пејачката го продолжи своето патување кон Сиена во саботата за фестивалот Палио ди Сиена, средновековна коњска трка помеѓу два квартови на градот.

Мадона ја гледаше трката од Палацо Панокиески д’Елчи, раскошен дворец со поглед на Пјаца дел Кампо. Според италијанските медиуми, прославата на роденденот продолжила во хотел со пет ѕвездички во историскиот центар на Сиена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @gamerbee93

Ова не е прв пат Мадона да го прослави својот роденден во Италија – минатата година таа престојуваше во Помпеја, антички град во близина на Неапол, кој бил закопан за време на ерупцијата на Везув во 79 година од нашата ера.

На фотографиите со неа се нејзиниот син Роко Ричи, кој го прослави својот 25-ти роденден на 11 август, нејзината најстара ќерка Лурдес Леон (28) и нејзините најмлади ќерки, близначките Стела и Естер (12). Ним им се придружи и нејзиното момче Акем Морис. Нејзиниот изглед е коментиран со години, а многумина се на мислење дека претерала со пластичните операции, а забележливо е дека често носи ракавици на настапи и во јавност, и се чини како да ги крие рацете. Овој случај беше и во Италија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Merce Noni (@merce_noni)

Коњската трка „Палио ди Сиена“ се одржува двапати годишно. На 2 јули и 16 август, и претставува традиција што датира од 17 век. Десет коњи и јавачи учествуваат во трката, претставувајќи десет од седумнаесетте области на градот, познати како „контради“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by madonnafever 👑 (@madonnafever_)

Додека пејачката го прослави својот роденден во нешто поинтимен тон, по повод големата годишнина на нејзиниот син, таа се обрати до јавноста преку социјалните мрежи со силна порака, повикувајќи ги своите следбеници и обожаватели да им дадат поддршка на оние што страдаат поради конфликтот во Газа, особено на децата.

Foto: printscreen/instgaram

To top