Пејачката Маја Беровиќ ужива на море по бројните настапи во изминатиот период, а видеото што го објави на Инстаграм ги остави сите без зборови.
Имено, пејачката го покажа своето лице без ниту трошка шминка, а беше во целосно опуштено расположение со пријатели на јахта.
Маја покажа и како пловеле по морето, а погледот од јахтата и прекрасната природа ги остави сите без зборови.

Инаку, Маја Беровиќ сега има сè за што сонувала како дете, а неодамна сподели и моменти од одморот.
Го забележала моментот кога го напуштиле пристаништето со нивната јахта, а потоа позирала со својот син од скапиот брод.

foto: Printscreen Instagram/mayaberovicofficial







