„За себе правиш здравје, а за туѓите очи создаваш тело“, ова е девизата на личниот тренер на познатиот шеф Никола Мишковски кој изминатите неколу месеци го смени својот животен стил од корен.

Кога го започна овој свој животен проект, Никола најави дека оваа промена нема да застане само со симнување неколку килограми, тој сега стигна со ново ниво.

Имено познатиот шеф „извади“ и мускули на плажа, па гордо се пофали со дефинираните стомачни.
Резултатот сега е 34 килограми минус, а тој скоро непрепознатлив.

Дали е истиот човек, да, да, тоа е токму Никола Мишковски кој од теретаната, па и од сопствената кујна излезе како победник на својот ум со доследност и мотивација кои до донесоа до едно сосема ново ниво.
Сега во фаза на одржување и тонирање мускули, шеф Никола ова лето 2025-то ќе го памети како едно сосема поинакво, тргнувајќи од себе, секако!
фото:Instagram printscreen/nikola_mishkovski




