Завесата официјално се спушти на една од најпрепознатливите телевизиски приказни на нашето време. Актерката и продуцентка Сара Џесика Паркер потврди дека серијата „И токму така…“, продолжението на култниот класик „Сексот и градот“, нема да добие четврта сезона, со што ќе заврши поглавјето што започна во 1998 година.
Одлуката, донесена во консултација со креаторот на серијата, Мајкл Патрик Кинг, беше споделена со милиони обожаватели преку објава на социјалните мрежи, еден вид емотивно збогумско писмо до ликот што ја одбележа нејзината кариера.
– Кери Бредшо доминираше во мојот професионален живот 27 години. Мислам дека ја сакав повеќе од кој било друг. Знам дека и другите ја сакаа. Беа фрустрирани од неа, навиваа за неа. Симфонијата од сите тие емоции беше најголемата музика и најважниот придружник. Затоа, најсентименталната и најдлабока благодарност и доживотен долг. До сите вас – Паркер го опиша односот што гледачите ширум светот го имаа со нејзиниот лик.
View this post on Instagram
Актерката му посвети песна на својот лик за животното патување на њујоршката колумнистка.
– Преминуваше улици, патишта, точки без враќање. Кршеше срца, потпетици, навики. Сакаше, губеше, победуваше, се сопнуваше, скокаше, паѓаше, остаре, стануваше помудра. Ги донесе најтешките, најлошите и најдобрите одлуки – пишува во трогателната белешка преку која Бредшо повторно оживува како жена која патува блиску и далеку, менува домови, временски зони, фризури и чевли, но никогаш нејзината безусловна љубов и посветеност кон Њујорк. Нејзината приказна беше приказна за состаноци, пијалоци, големи љубови и романси, за повикување такси и трчање во потпетици, за искреност и лаги, но пред сè за постојано испрашување и пишување.
Foto: printscreen/instаgram/







