Пејачката Неда Украден, позираше во бикини воодушевувајќи ги следбениците на Инстаграм.
Неда со своите 74 години уште еднаш докажа дека годините не ѝ можат ништо.
На фотографијата, таа позира насмеана, зрачи со самодоверба и елеганција, а нејзината линија предизвика лавина од коментари.

Иако наполни 74 години, Неда Украден изгледа барем две децении помлада. Пејачката никогаш не ја криела тајната на својата младоликост – комбинација од здрава исхрана, умерена физичка активност, позитивен став кон животот и редовна нега на кожата е нејзиниот секојдневен рецепт за виталност.
Неда често нагласува дека никогаш не пушела, дека внимава што јаде и дека се движи редовно, без оглед на нејзините обврски и возраст.

– Нема чудотворна формула, освен да се сакаш себеси, да бидеш дисциплиниран и да не се споредуваш со другите. Секој си има свој пат, но здрав дух во здраво тело секогаш дава резултати – рекла своевремено Неда.
Неда во моментот ужива во летувањето и го користи секој момент за одмор и за полнење на батериите.
фото:Instagram printscreen/ neda.ukraden




