1-ви Јуни, јубилеен 40 роденден на нашата позната пејачка Тамара Тодевска. Убав ден кога после дождот најпосле дојде сонце и тоа „пуштено“ на најјако.
Тамара имаше закажан настап на Козјак по повод отворање на локал, а каде поради временските неприлики минатата недела беше откажан. Сега се погоди да се случи токму на роденденот на пејачката која пред семејството, пријателите, соработниците и секако верната публика го правеше она што најмногу го сака – да пее!

Овој пат, на сцена со најубавиот поглед и енергија од која планината се тресеше од моќниот вокал на Тамара која роденденски два часа ги пееше своите најголеми хитови.
Во еден момент сопре се’, а роденденката во чудење од она што навидум технички како проблем и го кажаа колегите од бендот.

Таа пак, воопшто не насети дека изненадувањето ќе и го приредат токму тие, а најмилите совршено ќе ги надополнат.
-Што се случува, што е работава, се’ нешто ќе ви се расипе…?! кажа Тамара во микрофон кога наеднаш проработи се’ и тоа со мелодијата на роденденската „happy birthday“.
View this post on Instagram
Тогаш на сцена се качија ќерката Хана и синчето Дарен, пристигна и огромен букет, бакнеж од саканиот Лука…

Изненадување какво не насетуваше, барем не во тој момент.
-40-та ја дочекав на една од најубавите локации во Македонија, на Козјак со @grizzlyigloos, со моите луѓе, мојата фамилија, пријатели, мојот бенд, тим и секако… со најверната публика. Благодарна сум на сите што ве имам и сте дел од мојот живот. Наздравје за уште многу години- напиша во подоцна објавеното видео.

Таму беа и родителите, пријателите, фановите, поубаво не можеше да биде.
Среќен роденден Тамара!
фото:Instagram printscreen/ tamaratodevska




