Радио Милева карли во свој стил

Карлеуша „распали“ како никогаш досега: Тој ја прозва, а таа не остана покуса (фото)

Карлеуша „распали“ како никогаш досега: Тој ја прозва, а таа не остана покуса (фото)

Пејачот на фолк музика, Радиша Урошевиќ пред извесно време ја прозва Јелена Карлеуша и рече дека „никој никогаш не ги пее нејзините песни“. Таа не му остана должна.

„Кој ги пее нејзините песни на настапите? Кој прашува? Би сакал да чујам, ако некој побара песна од Јелена Карлеуша, веднаш би се борел да ја испеам. Никој никогаш не побарал. Значи, што треба да се пее?“ рече Радиша.

Кога слушна што кажл нејзиниот постар колега, Јелена веднаш возвратила во свој стил:

„Овој сè уште пее? Мислев дека овој умрел. Нека му каже некој дека се пеат само песните на Карлеуша“, рекла таа тогаш.

Радиша сега се огласи и одговори на коментарот на Јелена:

„Не ме интересира Јелена Карлеуша во животот. Не ме интересира што има да каже. Таа е мало дете. Таа е фино девојче, бев добар кон нејзината мајка Дивна. Немам за што да ја обвинувам “, изјави Радиша Урошевиќ за српските медиуми.

фото:Facebook/Jelena Karleusa/ Instagram printscreen/radisa_urosevic

To top