Радио Милева одлучи да каже

„Разводот воопшто не ме изненади“ – Дадилката на Џиновиќ ги откри тајните на Мелина и Харис (фото)

„Разводот воопшто не ме изненади“ – Дадилката на Џиновиќ ги откри тајните на Мелина и Харис  (фото)

Разводот на Харис и Мелина е предмет на постојан интерес со месеци, а дадилката на Џиновиќ сега ги откри сите детали од семејниот дом.

Мелина и Харис Џиновиќ на крајот на јануари минатата година потврдија дека се разведуваат, а дека пејачот засекогаш ја пречкрта мајката на своите деца говори и тоа што во општеството ја нарекува дури „покојна“.

Постојат различни шпекулации, но малкумина знаат што всушност се случувало зад ѕидовите на големата палата на поранешниот брачен пар . Изгледа само дадилката на Џиновиќ знае како навистина се одвивале работите, па затоа решила да проговори.

Разводот на Мелина и Харис, може да се каже, ја потресе цела регионална јавност.

Откако дозна дека Мелина го оставила сопругот, заминала практично без збогум и дека Џина престанала да ја следи мајка си на Инстаграм, дадилката на Џиновиќ изјавила дека не била изненадена од целиот овој спектакл.

– Нивниот развод воопшто не ме изненади, само се надевам дека децата се добро – изјавила дадилката на Џиновиќ, за „Ало“, која сакала да остане анонимна (името и презимето се познати на редакцијата на српскиот весник).

– Од самиот почеток, ја следам целата оваа збрка околу Харис и Мелина во медиумите и искрено цело време мислам на Џина и на Кан. Беа многу помлади кога ги чував, но децата се деца и сигурно не им е сè ова пријатно.

– Секогаш беа поприврзани за Харис, се плашеа од Мелина, и главно јас ги покривав пред Мелина кога правеа разни будалштини. Додуша, од почетокот ми беше чудно, со оглед на тоа што Харис често беше на турнеи, мислев дека имаат поблиски односи со мајка си – изјавила дадилката на Џиновиќ , а потоа додала дека се ѝ станало јасно кога сама се уверила дека децата поминуваат само час-два дневно со Мелина.

– Се сеќавам, на пример, кога отидов со нив во Бечиќи, бидејќи таму поминуваат речиси цело лето… Мислев дека четворицата ќе бидат заедно, а јас ќе бидам во посебна просторија, сепак, на мое изненадување, не беше така.

– Харис и Мелина беа во еден дел од хотелот, а јас и децата во друг. Постојано бев со децата во соба, ги будев за појадок, ги носев на плажа, излегував со нив навечер на прошетка – се присетила дадилката на Џиновиќ, а потоа додала:

– Го видов Харис само неколку пати, тој секогаш правеше по некоја шега и постојано прашуваше дали децата ме слушаат и дали се е под контрола. Мелина имаше замерки за мојот стајлинг, па неколкупати ми понуди да ме однесе во шопинг и да ми купи некоја „нормална“ облека, на што секако не се согласив бидејќи по цел ден трчав со децата и сакав да бидам лежерно облечена.

Дадилката на Џиновиќ откри и дека Мелина наводно имала посебни барања од неа, поради што дури и размислувала да си даде отказ.

– Не сакаше да ја носи својата гардероба во перална, туку ме принуди сама да ѝ ги перам работите, вклучувајќи гаќи и комплети долна облека и мислам дека тоа е моментот кога почнав да размислувам да се откажам. Ме бараше за сѐ и сешто, и тогаш сфатив дека не и треба само бебиситерка, туку лична асистентка и некој кој буквално ќе ја услужува кога ќе посака – изјавила дадилката на Џиновиќ и додала дека Мелина не е галантен работодавец.

– Пред да заминеме за Црна Гора, Мелина неколкупати ми нагласи дека, без разлика на роаминг, телефонот мора да ми биде секогаш достапен, но со ветување дека ќе ја плати телефонската сметка. Кога се вративме во Белград, таа само ми рече: „Немам ништо со тоа“, па речиси третина од месечната плата ја потрошив на мобилниот телефон. Поради сѐ решив да ја прекинам соработката со нив – изјавила поранешната дадилка на Џина и Кан Џиновиќ.

фото: printskrin/instagram/biznis_brend

To top