Радио Милева неопислива тага

„Избезумена сум“ – Барбара Бобак проговори за пожарот во Кочани (фото)

„Избезумена сум“  – Барбара Бобак проговори за пожарот во Кочани (фото)

Српската фолк пејачка Барбара Бобак видно вознемирена проговори за пожарот во Кочани за време на настапот на групата ДНК, откривајќи дека по веста за трагичниот настан била надвор себе.

Барбара Бобак вели дека отсекогаш се плашела од пиротехника и забранила употреба на прскалки на нејзините настапи.

– Ужасно, не можев да поверувам, тоа беше првото нешто што го прочитав кога се разбудив. Ми беше многу тешко, особено затоа што дури подоцна сфатив дека тоа се случи, колку што можев да видам, поради тие проклети огномети, кои ме тераат да врескам и никогаш не дозволувам  да се палат кај мене, тоа е ѓубре, а тие се очигледно опасни, многу ми е жал, јас сум надвор од себе, не знам што да кажам, мислам дека треба да се воведе некаков закон во врска со пиротехниката, многу си поигруваат со тоа“, изјави Барбара Бобак за Блиц.

 

 

фото: printscreen/instaram/barbara.bobak

To top