Радио Милева цврсто решена

Горе-доле „уште 10 доле“: Тамара има намера да стане „ракета до лета“ (фото)

Горе-доле „уште 10 доле“: Тамара има намера да стане „ракета до лета“ (фото)

Зима, празници, студено време… се’ тоа со резултат покачени килограми и бројка на вагата која не ни се допаѓа.

Пејачката Тамара Тодевска е во оваа група, иако години наназад е заглавена во теретана, напорно вежба и се труди да се храни здраво.

Арно ама , животот со вечерни настапи, непроспиени ноќи и нарушен биоритам, води и до незадоволство од прихо-физичкото здравје и состојба.

Токму поради тоа, Тамара сега е на ниет како што вели и самата да стане „ракета со лета“.

-Дечки, морам да споделам нешто со вас. Денеска ми е деветти ден од исхраната на claudiaademibodicoach. Веќе имам симнато шест килограми! Сакам јавно да и се заблагодарам за посветеноста, времето и поддршката која што ми ја дава овие денови. Идеме уште дест доле. Ракета до лета- стои во описот на фотографијата од која веќе си даде јавно ветување дека е силно решена да симне уште десет килограми.

Салатичка, трениг, посветеност и секако љубов до сатисфакција во огледало и убаво на душа!

фото:Instagram printscreen/tamaratodevska

To top