Радио Милева редовно во фокус

Ана Николиќ е скандал мајстор – овој пат во кафеана на настап кај Весна Змијанац (фото)

Ана Николиќ е скандал мајстор – овој пат во кафеана на настап кај Весна Змијанац (фото)

Ана Николиќ и нејзиното момче, композиторот Горан Ратковиќ Рале, синоќа одлично се забавувале на настапот на Весна Змијанац во ресторан во главниот град на Србија.

Тие двајца цело време биле среќни и разменувале нежности, а Ана била целосно обземена од емоции. Таа толку многу уживала што не сакала да ја напушти свирката.

Рале сакал да си оди дома, додека Ана беше решена да остане подолго. По кратка расправија, Рале ја убедил Ана да оди и парот заедно го напуштил настапот на Весна.

На Ана и Рале не им се непознати расправиите, но и покрај тоа нивната љубов опстојува, а неодамна најавија дека годинава ќе застанат пред матичар.

– Најверојатно ќе се венчаме на Видовдан. Не зборувавме многу за меден месец, тој е прилично „ад хок“ за нас. Веројатно ќе одиме кај неа во родниот крај, барем таму да ја искосиме тревата и барем се’ да средиме – изјави неодамна Рале за Информер.рс

фото:Instagram printscreen/ sport.restoran/ ananikolicofficial

To top