Мегафон

Македонска премиера на оркестарска верзија на „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите

Македонска премиера на оркестарска верзија на „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите

По исклучително успешната светска оркестарска премиера на проектот Македонисимо минатата година во, веројатно најпрестижната концертна сала во светот, Музикферајн (Musikverein) во Виена, заедно со Тонкунстлер оркестарот од Австрија под диригентската палка на нивниот шеф-диригент Маестро Јутака Садо, нашиот Камерен оркестар „АЈГА“ во соработка со КултурОп  ја претставуваат македонската, а воедно и балканска премиера на оркестарската верзија на проектот Македонисимо .

Македонисимо/оркестарска верзија, потсетуваме, базира врз транскрипции на македонска традиционална музика од нашиот композитор Панде Шахов, во соработка со Симон Трпчески

Како што истакна екипата уште од почеток на реализацијата, овој проект му го посвети на македонскиот народ. Дека почитта е взаемна, публиката покажа и на квинтет-изведбите на проектот низ земјава, на отворено, почнувајќи од с. Збажди на планината Караорман, преку Скопје, Битола и Штип, заклучно со струмичкото село Секирник, на кои овациите кажуваа се’.

Овој пат, финесите на филигрански осмислениот и изведен проект, во оркестарското концертно исчитување нудат уште повозвишен приказ на богатството на македонската музичка традиција. За тоа, на сцената на Македонската филхармонија ќе се погрижи Квинтет МАКЕДОНИСИМО (во состав: Симон Трпчески на пијано, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на удиралки заедно со Камерниот оркестар АЈГА, под диригентската палка на Ана Спасовска.

Специјални гости на вечерта ќе бидат и Владимир Крстев на виолина, Александар Димитров и Паскал Краповски на виолончело.

Концертот ќе се одржи на 1 април 2024 година од 20 часот на големата сцена на Македонската филхармонија. Билетите веќе се во продажба на платформата МКтикетс.

To top