По врската со виолончелистот Стјепан Хаусер, регионалната поп-ѕвезда Јелена Розга не и го претстави на јавноста новиот партнер.
Од ведро небо стигна веста дека пејачката е во врска со Иван Хуљиќ, кој е 11 години помлад од неа, синот на музичарот Тончи Хуљиќ.
Дека повторно е среќна во љубовта потврди и самата Јелена кога неодамна изјави дека повеќе не е сингл.
-Веќе не сум соло играч – изјави летово Јелена.
По оваа вест се огласи и Тончи Хуљиќ кој не сакаше да открие детали од врската на неговиот син со пејачката.
-Не сакам да влезам во креветот на мојот син. Го поддржувам ако е нивна среќа, ако не е вистина никому ништо – изјави Тончи, а пренесува Блиц.рс
За потсетување, Јелена неодамна одржа седум концерти во Сава Центар во Белград, а во изјава за медиумите рече дека нејзиниот дечко и бил голем поддржувач, но не откри дека тоа е Иван.
-Тој беше овде вечерва на вториот концерт. Ме бакна и ме прегрна пред концертот и ми посака среќа, љубовта е најважна – изјави неодамна Јелена.
фото:Instagram printscreen/ toncihuljic_official/rozgajelenaofficial