Северина, една од најпопуларните ѕвезди во регионот, реши да се одмори и да земе пауза од напорниот распоред на Малдиви.
Како што најави, таа со својата пријателка отиде во вистинскиот рај на одморалиштето, а одвреме-навреме со објава ги почестува своите верни следбеници на социјалните мрежи.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Очекувано, сликите предизвикаа бројни реакции, а повеќето коментатори се согласуваат дека Северина изгледа феноменално.
„Џони Деп сигурно немаше да го напушти островот додека снимаше „Пирати“ да знаеше дека ќе дојдеш“, „Неверојатно е како изгледа една жена на таа возраст“, „Ти си совршена“, „Гориш“, се само некои од коментарите под објавата.
фото: print Screen/instаgram