Радио Милева однос

Синот на Мирковиќ и ќерката на Чола заедно – Еве што прават на јавно место (фото)

Синот на Мирковиќ и ќерката на Чола заедно  – Еве што прават на јавно место (фото)

Синот на фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ, Марко Бијелиќ и ќерката на регионалната ѕвезда Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ  се во центарот на вниманието.

Тие еднаш излегоа на заеднички ручек во еден познат белградски ресторан, што веднаш предизвика лавина коментари за природата на нивниот однос.

На многумина им било чудно кога ги виделе како поминуваат време заедно, бидејќи малкумина знаат дека тие со години се во добри односи, како и дека се познаваат уште од детството.

Драгана и Здравко се пријатели долги години, а нивните наследници се другари уште од мали нозе.

Марко тогаш ги известил своите следбеници на Инстаграм со кого излегол на ручек.

По тој повод тој објавил фотографија од храна и ја означил Уна Чолиќ, која и таа ја споделила на својата приказна на Инстаграм.

Драгана од бракот со бизнисменот Тони Бијелиќ, со кога неодамна се разведе, ја има и ќерката Мануела.

Покрај Уна, Чолиќ ја има и ќерката Лара, а неодамна ги спомна додека зборуваше за социјалните мрежи.

– Децата го сакаат тоа, таму и ги стекнуваат познанствата, а јас бегам од тоа. Слаб и го отворам тоа, секако е прашање на генерација и технологија, ние пишувавме писма. Не ги следам многу социјалните мрежи, но има луѓе кои го прават тоа, па имам информации. Ќерките го сакаат тоа, и така комуницираат меѓу себе, што е сосема во ред“, истакнал тогаш Чолиќ за емисијата „Кај нас дома“ и додал дека Уна и Лара ја слушаат неговата музика.

Марко, инаку, веќе не крие дека е вљубен, а редовно споделува фотографии со новата девојка Мелани.

фото: printscreen/instgaram

To top