Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ во хармоничен брак го добија синот Александар, а сега ја споделија убавата вест дека таа повторно е во блажена состојба.
Среќното семејство живее во луксузна вила, чиј ентериер повремено можеме да го видиме на социјалните мрежи на популарната пејачка. Како што пишува порталот „Мондо“, нивната куќа се наоѓа во непосредна близина на домот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, на Бежанијска коса. Куќата која има дури четири спални соби се проценува на околу половина милион евра, додава споменатиот портал.
View this post on Instagram
Може да се забележи дека домот зрачи со топлина, како и дека доминираат нежни тонови.
View this post on Instagram
Поголемиот дел од собите се застаклени, па не им недостига светлина, а за да се сокријат од љубопитните погледи има и долги завеси.
View this post on Instagram
Топлите денови ги поминуваат и на терасата, каде има многу зеленило.
Да потсетиме, синот Александар има четири години, но родителите решиле да не го откриваат неговиот идентитет.