Радио Милева реалност, а како шега

Српскот пејач ги шокираше гостите во „Амиџи шоу“ кога призна дека учел само до трето одделение (фото)

Српскот пејач ги шокираше гостите во „Амиџи шоу“ кога призна дека учел само до трето одделение (фото)

Џовани Бајрамовиќ е познат по својот необичен живот и интересни приказни.

Тој синоќа гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ во која откри дека има само три одделенија во основно училиште, па се наврати на песните што ги напишал.

– Имам три одделенија од основно училиште – откри тој, а останатите гости останале зачудени по неговата исповед.

Приказната за неговите деца е особено вредна за одбележување. Како што откри за време на гостувањето, тој има шест деца со шест различни жени, а секое дете има уникатно име.

– Да, така е, шест деца со шест жени. Нивните имиња се Мерцедес, Порше, Ламбо, Леонардо, Франко и ќерка ми Анџела – изјави Џовани, предизвикувајќи смеа во студиото.

На прашањето дали се шегува или ја кажува вистината, Џовани ги потврди своите тврдења, но остана криптичен за автентичноста на целата приказна. Посебно ја истакна ќерката Ангела, која како што вели е многу талентирана и образована музичарка.

фото:Printscreen/Pink/AmiGi Show

To top