Радио Милева посебно уживање

Марјана никогаш не открива со кого патува, а овој пат без двоумење го покажа својот придружник на Копаоник (фото)

Марјана никогаш не открива со кого патува, а овој пат без двоумење го покажа својот придружник на Копаоник (фото)

Кај ТВ водителката и инфлуенсерка Марјана Станојковска ништо не е случјано, па дури и кога навидум изгледа дека одмара, таа всушност работи.

Стартот на оваа зима го започнува од Копаоник каде е работно како инфлуенсерка, ужива ама и го рекламира  хотелот и се’ она што истиот го нуди.

Понудата за престој ја покажува до детаљ и сугерира што се’ ќе имате прилика да добиете ако ја изберете варијаната која таа моментало ја густира.

А уживањето овој пат и е посебно бидејќи доживувањето е како ниедно друго поради придружбата која ја има до себе.

Марјана никогаш не покажува во чија придружба е, ама овој пат без двоумење откри дека тоа е нејзниот четириножен крзнен миленик.

Хотелот каде претстојува е „пет френдли“, односно дозволува да носите милениче со вас, па Марјана ја искористи ваквата прилика.

Копаоник е под снег како во бајка, а Марјанче на големо ја стартува зимската сезона со позитивна енергија.

Набиените „стори“ објави веќе се редат на нејзиниот профил, а со оглед дека само што пристигна, допрва снежно ќе „бомбардира“.

фото:instagram printscreen/marjanamay

To top