Димитар и Сара Мејс се доста зафатени, што со децата, што со кариерата. Меѓутоа, бројните обврски не се пречка за уредување на домот и доловување на новогодишниот амбиент.
Како ја накитиле елката овој пат покажа Сара која од нивниот топол дом во Пинтија му кажа добредојде на декември, месецот на многу славење, подароци и желби.
Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“ таа ги сними украсите за кои се одлучиле оваа година, а таму се најдоа и уникатните персонализирани лампиони со имињата на синот и ќерката.
А откако ги покажа и декорациите надвор од елката, следбениците можеа да забележат дека доста се потрудиле.
Во еден момент Сара во кадар го улови и Димитар кој пак мезеше позади шанкот по успешно завршената работа…
На Новогодишната елка која е речиси од подот до плафонот, преовладуваат црвените и златните украси како и сијаличките.
Се на се беше украсено како во бајка, па дефинитивно Илина и Кирил биле неизмерно задоволни.
Досега можевме да ѕирнеме во новогодишните декорации кај Анета Љумаковска и Тамара Тодевска, а кој друг од познатите личности ќе го покаже домот во новогодишна атмосфера, на почетокот од месец декември, останува да видиме.
фото: printscreen/ instgaram/sarahmace__