Радио Милева голманот и бремената „божица“

Бившата девојка на Столе Димитриевски „трудна до заби“ се сликаше „пиштол гола“ како митолошка божица: „Благодарам на моето тело, што ми овозможи да создадам живот“ (ФОТО)

Бившата девојка на Столе Димитриевски „трудна до заби“ се сликаше „пиштол гола“ како митолошка божица: „Благодарам на моето тело, што ми овозможи да создадам живот“ (ФОТО)

Македонскиот голман Столе Димитриевски и покрај тоа што успешно го чува голот на нашата репрезентација, во „Валенсија“, во која летово направи трансфер од „Рајо Ваљекано“, ретко добива шанса да брани.

Што се однесува пак до приватноста, за разлика од порано, сега неа Столе ја крие како змија нозете. веројатно поучен од минатото искуство со бившата девојка, Шпанката Лори Фрајз (laury_fraiz), сега она што му се случува на приватен, особено на љубовно-емотивен план ниту јавно го кажува, ниту на социјалните мрежи го споделува.

Арно ама,  затоа неговата поранешна има и тоа како многу тоа да покаже. 

Неодамна објавивме дека ако целата македонска јавност знае дека Столе Димитриевски има нов клуб, само малкумина знаат дека неговата поранешна девојка има ново момче…  И што е најново, таа е бремена. Се разбира од овој маж!

Имено, бившата девојка на македонскиот репрезентативен голман обзнани на Инстаграм дека чека бебе! И тоа со фотографии од партнерот, себе си и нејзиниот труднички стомак во подмината бременост.

Сега, речиси четири месеци подоцна Лори објави нови труднички фотографии. Најпрвин егзотичната  Шпанка се сликала со таткото на своето дете кое доаѓа и тоа одново со разголен труднички стомак, на кој покрај цртежот на слатки мали жирафа и слонче, го испишала и името на идното бебе. Прво – па машко, кое ќе го добие името Енцо! Сочниот бакнеж со неговиот татко е само потврда повеќе на споделениот статус покрај фотографиите:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laury (@laury_fraiz)

„Подароци кои животот ви ги дава кога најмалку очекувате… Не можев да изберам подобар животен партнер“!

Веднаш потоа шармантната трудница направила уште пошокантни фотографии, по теркот на светските ѕвезди. Имено, бившата девојка на Столе Димитриевски „трудна до заби“ се сликаше „пиштол гола“, со венче на главата во облик на сонце, налик на митолошка божица.

Од фотографиите јасно се гледа дека таа е во последната фаза на бременоста и секој ден очекува да се породи, што го потврдила и својот пост покрај  голите труднички фотографии:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laury (@laury_fraiz)

„Фотографии кои отсликуваат како се чувствувам во оваа последна фаза и покрај сите промени внатре и надвор. Благодарам на моето тело што ми даде можност да создадам живот“!

А, Столе…? Можеби ќе ги „отвори картите“, оние љубовните, откако  најпрвин стандардно ќе застане на голот на својот нов клуб, па и приватно ќе има поконкретно што да каже!

Фото: Инстаграм/laury_fraiz/stole_gk

 
To top