Љубов и секс

Еве какво неверство создава најмногу проблеми во врската или бракот

Еве какво неверство создава најмногу проблеми во врската или бракот

Кога ќе се открие вистината, доаѓа до сериозно нарушување на довербата меѓу партнерите, а страната од која се криеле проблемите со право се чувствува изневерена.

Сите сте слушнале за сексуална и емоционална измама, но има и друг тип, кој се покажал дека е уште позастапен, но и „поопасен“ од претходно споменатите.

Тоа е всушност „финансиска измама“. Не, не се работи за кражба на пари од партнерот, но не е ни толку далеку од тоа. Тоа е облик на однесување во врска или брак кој се манифестира во нечесност во однос на финансиската состојба. Поточно, станува збор за чин на прекумерно трошење и натрупување долгови без знаење на партнерот.

Овој облик на неверство вклучува секоја финансиска одлука која е донесена без консултација со партнерот и која има негативно влијание врз врската или финансиската стабилност на парот. Бројни студии покажаа дека финансиската измама е во пораст и се јавува кај парови од сите возрасти.

Според истражувањето спроведено во САД, дури 41 процент од Американците ги криеле своите долгови, празни сметки, позајмување пари и штетните навики за трошење од своите партнери.

Импулсивното тајно купување и непланираното трошење се меѓу најчестите финансиски проблеми со кои се соочуваат паровите. Кога ќе се открие вистината, доаѓа до сериозно нарушување на довербата меѓу партнерите, а страната од која се криеле проблемите со право се чувствува изневерена.

-Тешко е да се поверува дека некој може толку многу да ве лаже и дека некој за кој мислевте дека го разбирате и дека можете да го „прочитате“. Споровите поврзани со парите се потешки и траат подолго, вели Меган Мекој, професорка на Универзитетот во Канзас, специјализирана за финансиска терапија, нова форма на терапија која комбинира финансиско и семејно советување.

Навиките за трошење најчесто стануваат проблем кога парот ќе реши да направи голема инвестиција, како купување на нов автомобил или стан и во неочекувани кризни ситуации кога итно ни требаат пари. Токму тогаш на виделина излегуваат тајните на личноста која ја криела својата финансиска измама.

фото:Freepik

To top