Радио Милева отворено и без комплекси

Сара Мајс и Димитар на дупла мака: Таа со своја, тој со негова, ама чарето исто (фото)

Сара Мајс и Димитар на дупла мака: Таа со своја, тој со негова, ама чарето исто (фото)

Тие важат за еден од најхармоничните и најхаризматичните познати брачни двојки од македонската јавна сцена. Нивното најсилно оружје е насмевката, па дури и на проблемите не ретко знаат да им се спротивстават така.

Додуша овој пат и за среќа проблемите беа само од козметичка природа, но нивната реакција и пристапот за решавање го споделија јавно и покажаа дека кај нив ништо не изгледа совршено, туку реално.

Сара и Диме всушност дадоа еден добар пример дека козметичките проблеми ги снаоѓаат сите, порано или подоцна, па секој од нив се пожали со својата мака. Сара има проблем со воспалено и иритирано лице, додека Димитар со влакна во ушите и на образите над брадата.

-Лицево ми е лом, а јас пак си се смешкам. Вака изгледам денес пред да правам „prp“, напиша Сара со дополнување дека ќе покаже колку и како ќе и биде од помош третманот.

па така, ако Сара чарето го побара во козметички салон, предлогот му го даде и на сопругот кој пак вели дека ја послушал и тргнал во реализација за елиминирање на она што му создрава непријатност.

-Денес за првпат се решив да ги решам влакната што ми сметаат…Уствари ај вака, последниве неколку години почнаа да растат влакна на ушите(ваљда од староста си е тоа)и над брадата. И по препорака на Сара дојдов каде што имаат ласерска епилација- пишуваДимитар.

Вака или онака во денешно модерно време, ваквите проблеми секогаш имаат чаре, и дај Боже да остане на тоа, решение секогаш да има, ама и отворени луѓе кои без комплес ќе споделат она што најчесто се крие.

фото:instagram printscreen/ sarahmace__

To top