Раскинувањето никогаш не е лесно, која било од страните да ја прекинува врската. Понекогаш е тешко да се знае дали има некаква шанса за помирување, што се случува кај некои парови.
Ако вашиот партнер ви раскинал, а вие сè уште имате чувства кон нив и потајно се надевате дека во одреден момент ќе дојде до помирување, не се залажувајте. Ова се знаците кои ви кажуваат дека тоа нема да се случи.
1. Блокирање на контакти
Доколку за време на раскинувањето се согласивте дека не сакате повеќе контакт, а таа фамозна порака или повик сè уште не се случила, тогаш знајте дека тие навистина го мислеле тоа и ќе истраат. Ова е и показател дека поранешниот партнер продолжил понатаму бидејќи не ви пишува и не знае што се случува во вашиот живот. Во исто време, ако ве блокирале на социјалните мрежи, тоа е очигледен знак дека нема што да се помирите.
2. Отстраниле се што ги врзува за вас
Без разлика дали се работи за фотографии или некои лични предмети (од кои можеби нема да можете да препознаете дали се ослободил), тоа е знак дека се обидува да ве преболи и дека не сака помирување. Доколку имате заеднички пријатели, можете да ги прашате дали можеби „се ослободиле“ од некои ваши работи. Тоа е знак дека се оддалечиле од вас и нивниот однос со вас и продолжиле понатаму.
3. Постигнуваат личен раст
Можеби до вашите уши допираат „кафе муабети“ за достигнувањата и напредокот на вашиот поранешен партнер, па ако тоа се случи, знајте дека тоа е јасен знак дека тие не сакаат помирување – затоа што им оди добро без вас. Тоа може да биде хоби, напредок во кариерата или подобрување на општата благосостојба, партнерот е фокусиран на сопственото патување без да гледа назад.
фото:Freepik
извор:popara.mk