Јелена Карлеуша му придава големо значење на физичкиот изглед. За да изгледа што поубаво, но и да го зачува здравјето, пејачката не крие дека се грижи за исхраната.
Како што еднаш кажа, во еден период имала 75 килограми, па била на ригорозни диети и ја довела својата фигура до совршенство.
После тоа, пејачката продолжи да се храни здраво и да внимава на количината на калории. Нејзината исхрана се базира на оброци без месо, со минимум животински протеини во форма на јајца, риба и млечни производи.
Прв ден: Појадок: Намаз со малку маснотии 400 грама, две кришки интегрален леб, салата Ужина: две јаболка Ручек: Грашок со зеленчук околу 400 грама и салата Вечера: Салата со тиквички
Втор ден: Појадок: 4 лажици овесна каша, овошен микс, чиа семе Ужина: 300 грама цреши Ручек: Запечена боранија со зеленчук, салата Вечера: Кисело млеко 360 милилитри и салата
Трет ден: Појадок: Салата со тиквички Ужина: Витаминска салата со црвена зелка Ручек: Печурки со зеленчук Вечера: Потаж од зеленчук
фото: printskrin/instagram/karleusastar