Радио Милева штркот е на пат да долета...

Едина Муса е бремена: Кошаркарката и фитнес тренер чека прво дете, погледите на јавноста вперени во нејзиниот последен партнер Мачка (ФОТО)

Едина Муса е бремена: Кошаркарката и фитнес тренер чека прво дете, погледите на јавноста вперени во нејзиниот последен партнер Мачка (ФОТО)

Едина Муса ја изненади јавноста откако јавно откри дека го очекува своето прво бебе. Поранешната кошаркарка  и мис фитнес убавица, сега фитнес тренер е бремена, за што потврда е нејзината фото објава на социјалните мрежи.

„Ти си сè што отсекогаш го посакував. 118 дена НИЕ“ – напишала таа на „Инстаграм, држејќи се за пораснатото трудничко стомаче на црно-белата фотографија, сликана некаде покрај вода.

Полот на бебето засега Едина не го открива, не барем јавно, како ни тоа кој е таткото на нејзината идна принова, иако…

Погледите на јавноста веднаш вперени кон нејзиниот последен партнер, Александар Димитровски – Мачка, со кого атрактивната Едина на почетокот на годината откри дека е во врска. Љубов како од бајките која беше обелоденета со фотографии на социјалните мрежи од дочекот на тогаш новата 2024 година во родниот град на Мачка, Гевгелија.

Потоа Едина и Мачка веќе не ја криеја љубовта, па се фотографираа на сите настани на кои заедно одеа…

Од обични ноќни кафеански проводи, преку кошаркарски натпревари како  дербито  помеѓу кошаркарските ривали Црвена Звезда и Партизан во Белград…

До разни манифестации и концерти, како оној на Јелена Розга во Скопје на пример.

Едина беше неразделна од 11 години постариот Мачка кој освен по кошарката, по која го знаеше потесниот спортски круг, пошироката јавност го запозна 2015 година откако и стана сопруг на пејачката Тамара Тодевска.

Со неа беше во брак до 2022 година кога се разведоа и од бракот ги имаат двете дечиња, ќерката Хана и синчето Дарен.


По разводот Тамара и Мачка останаа во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца.

Едина пак, претходно беше во врска со Серџо Спасов, урбано скопско дете со вајано тело и фотогеничен лик, македонски машки фитнес модел, личен тренер и нутриционист, кошаркар, модел во агенцијата Моделс Ин…

Заедно се најдоа дури во видеото на Александар  Тарабунов – Тара за песната „Луд по тебе“.

Заедно продолжија да се гледаат далеку од очите на јавноста, се додека љубовната романса не завршила… За на почетокот на годинава да започне новата, помеѓу сега бремната Едина и нејзиниот последен партнер Мачка.

Фото: Инстаграм/edina_musa/machka777

<

To top