Радио Милева ретка глетка

Наум Петрески имаше совршено надополнување на настап: Неговата Зуица блесна во младешка и сензуална комбинација со голо стомече (фото)

Наум Петрески имаше совршено надополнување на настап: Неговата Зуица блесна во младешка и сензуална комбинација со голо стомече (фото)

Ако Влатко и Силви Плевнеш или попознати како „Силви бенд“ се неразделни сопружници и колеги на сцена, за Наум Петрески и Зуица Лазова тоа воопшто не е случај, туку реткост.

Точно е дека не се музички бенд како споменатите колеги, но и двајцата се во истите музички води кои нив  ретко ги спојуваат.

Но сепак, од овие нивни правила и професионална пракса понекогаш има и исклучоци, особено ако оние кои што ги ангажирале сакаат да ги слушаат и гледаат како дуо.

Па така, неодамна на една приватна забава во ресторан во Охрид, Наум и Зуица им прееја на гостите во дует.

Зуица беше совршено надополнување на Наум, како вокално, така и визуелно.

Таа се одлучила да пее во младешка бела сензуална комбинација сочинета од бели тесни панталони, споени со бела кошула кошула врзана кај стомакот, што дополнително нагласи дека годините не и можат ништо на витата линија на Зуица која не му се плаши на тесните и светли комбинации.

Веселбата нема сомнеж дека била на ниво, гостите со кренати раце и чашка повеќе за здравица.

Инаку, освен што ретко се спојуваат вокално и на сцена, Зуица и Наум иако и двајцата се активни на социјалните мрежи, ретко може да им се најде заедничка фотографија.

Најчесто се од некоја емисија каде гостувале, па овој момент навистина е еден од ретките каде не само што настапуваа заедно, туку за настапот Наум покажа и јавно на своите „стори“ на Инстаграм.

фото:Instagram printscreen/ naumepetreski

To top