Марјана Станојковска важи за една од најзгодните водителки кај нас, а тоа често го покажува преку своите предизвикувачки стајлинзи во кои ги истакнува сите свои атрибути.
Лото девојката и инфлунсерка овој пат позираше во различни секси пози на скалите во тесно розово фустанче и долгата руса коса по која е најмногу препознатлива и претставува нејзин белег кој никако не го менува.
Имено, Марјана облечена како барбика ја истакна својата женственост пред објективот и успеа да ја заскокотка машката фантазија и да привлече внимание на социјалната мрежа Инстарам.
Галејќи се по телото и допирајќи ја косата, таа сега крена „прашина“ со новото видео кое не пропушти да го објави.
Марјана веднаш доби голем број допаѓања и позитивни комплименти кои нејзините обожаватели со задоволство и ги оставија под видео – објавата.
View this post on Instagram
Таа е многу активна на својот Инстаграм профил, па нејзините следбеници имаат можност да видат како го поминува времето, каде и како одмара, како што беше и неодамна кога реши да ги наполни батериите во Грција, а се уште споделува фотографии од убавите моменти поминати во вода.
Дводелниот костим за капење во нејзината омилена боја толку секси и прилега што уште еднаш предизвика возбуда кај нејзините следбеници, со што потврди дека нема копија на неа.
фото: Instagram/printscreen/marjanamay