Радио Милева роденден во седум чина

На сите еден ден во годината им е роденден, а само на Ана Стојановска „денот што го чекаме цела година“ и трае една недела (ВИДЕО)

На сите еден ден во годината им е роденден, а само на Ана Стојановска „денот што го чекаме цела година“ и трае една недела (ВИДЕО)

Ана Стојановска важи за истакната актерка од помладата генерација. Препознатлива по филмовите на Милчо Манчевски и сè уште актуелна по последниот, „Кајмак“, таа е една од оние глумици што го привлекуваат вниманието.

Не само по театарските и улогите во филмовите, туку и по случките од приватниот живот.

Позната како „слободоумна,“ со ведар дух и исклучително дружељубива секој слободен миг го користи за забава. И тоа најмногу со пријателите, со кои не пропушти да биде и ова лето и то не било каде, туку некаде покрај „бистра вода“.

Локацијата иако не ја открива на Охрид наликува, ама затоа она што го практивуше и доживуваше Анчи  не пропушти да го обзнани на социјалните мрежи. Вклучувајќи го и најзначајниот ден во животот – роденденот! Само што истиот сите го славиме еден ден во годината, а  само на Ана Стојановска „денот што го чекаме цела година“ и трае една недела!

 

Првиот ден штом ги отвори очите, Ана тргна да се подготвува за невообичаената прослава… Од мугри до зајдисонце со сите четири во вис… на вода! Со мал исклучок на воденото скијање како јаготка на шлагот од роденденското уживање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Stojanovska (@anchi.stojanovska)

Вториот ден – реприза на првиот. Речиси роденденска „копи – пејст“ прослава со истите активности редум и во вториот чин од сите седум!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Stojanovska (@anchi.stojanovska)

Третиот ден, сосема поразличен!  Од вода на копно, па високо во воздух. Чисто за да види како птиците го гледаат езерото! Лет со поглед  со успешно приземјување како роденденски подарок во третото поглавје!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Stojanovska (@anchi.stojanovska)

И засега толку… Останува роденденката Анчи допрва да ни ги покаже останатите активности и делата што ќе и се случат до крајот на неделата!

Фото и видео: Инстаграм/anchi.stojanovska

 

To top