„Промените започнуваат онаму каде завршува твојата комфорна зона“, девиза по која периодов се води популарната фолк пејачка Анета Љумаковска.
Изминатиот период се изнагледавме многу трансформации од Анета.
View this post on Instagram
Таа постојано храбро им пристапува на промените, од килограмите, па се до шминката и фризурата, а резултатот секогаш одличен и поинаков од претходниот, како и овој пат.
Пред само неколку дена таа реши да ја скрати косата и да ја обои руса, а сега повторно неуморно продолжува во исто темпо.
Очигледно самодовербата е на високо ниво, така што Анета воопшто не се плаши да го прифати она што на ум за нејзиниот имиџ го има стилистот.
Сега од редот на русокоси влезе меѓу бринетите, а нема лош коментар дека и оваа нијанса и нова промена и прилегаат.
За потсетување, висинските промени кога е во прашање нејзината кариера започнуваат токму од претстојниот месец август кога веќе нема да има обрска да настапува со групата „Молика“ каде години настапуваше заедно со сега веќе екс- сопругот Џими Мицевски.
фото:Instagram printscreen/ anetaljumakovska2701