Лице в лице

Јелена Томашевиќ на „Охрид – фест 2024“:„Јутро“ е прогласена за песна на сите времиња

Јелена Томашевиќ на „Охрид – фест  2024“:„Јутро“ е прогласена за песна на сите времиња

Песната Јутро годинава на „Охрид фест“ го добива признанието Песна за сите времиња. Го помина тестот на времето, ни се врежа во срцата и еве ја трае скоро 20 години.

Кои ви се асоцијациите за „Јутро“, колку ве израдува наградата?

– Секако дека „Јутро“ е мојата музичка лична карта, и драго и е што е прогласена за песна за сите времиња, бидејќи таа навистина е антологиска. Му благодарам на „Охрид фест“ за оваа награда! Секако таа му припаѓа и на Жељко Јосимовиќ кој ја компонираше „Јутро“, го правеше аранжманот ама и на Александра Милутиновиќ која го напиша текстот. И благодарам на публиката која ме сака, поддржува и слуша сите овие години, и благодарам бидејќи имам за кого да пеам.

Често настапувате кај нас, ја сакате Македонија а и таа вас, публиката ве обожува, тука се и спомените на Тоше, музикалност како национален код. Што уште сакате кај нас и која е првата работа што ја правите кога ќе дојдете во Македонија?

-Навистина постои некоја тајна врска помеѓу македонската публика и мене, па затоа често ви доаѓам. Секако тука е и поврзаноста со вонвременскиот Тоше чива што песна „Где да одем да те не волим“ ја снимив на претходниот албум. Обожавам се кога ќе дојдам во Македонија-  од луѓе, преку музика па се до храна.

Успешна кариера, фантастични песни, концерти…И покрај тоа вие останавте природна, достапна и драга. Како ви успеа да го совладате егото?

– Мислам дека тоа е работа на воспитување ама и на карактер. Оваа наша работа е многу неизвесна а популарноста- релативна, па се може многу бргу да се смени. Затоа е добро да не се занесувате со слава.

Музиката денес, нови пејачи, нови жанрови… Што мислите за тоа и колку песната е браник против сите „натрапници“ во музиката?

 

-Да, тоа е песната. Мислам дека трендовите секогаш постоеле, па и меѓу нив има добри песни, не се осудува се. Медиумите можат многу да помогнат, во поддеднакво пласирање на трендовската и меинстрим музиката, за да немаме впечаток дека на публиката и е наметнат некој вид на музика, туку дека го имаат правото на избор.

Фото: Милош Надаждин

To top