Промотер

Четкар нема време за чекање, па ја промовираше – „Don’t Make Me Wait“ (ВИДЕО) 

Четкар нема време за чекање, па ја промовираше – „Don’t Make Me Wait“ (ВИДЕО) 

По неколкумесечна пауза, македонскиот џез-фанк музичар,  Владимир Василевски – Четкар сними нов спот, а песната е дел од неговиот нов албум, кој ќе има светска промоција на 18 септември, во Јапонија.

„Don’t Make Me Wait“ е комплетно авторско дело на Четкар, на кое тој е потпишан како композитор, аранжер, текстописец, оркестратор, диригент и изведувач (вокал и гитара).

Видеото се снимаше на повеќе локации во Охрид и Струга и е во режија на Бојан Симјаноски. Песната ќе се најде на најновиот студиски албум на Четкар, „Let Us be“, кој прво ќе биде ексклузивно издаден на 18 септември во Токио, од страна на познатата јапонска музичка куќа P-Vine Records за набрзо потоа да биде издаден низ целиот свет.

Инаку Don’t Make Me Wait е снимена комплетно со жива инструментација (гудачка, дувачка и ритам секција како и водечки и придружни вокали изведени од Четкар) во Чикаго, во студиото Electrical Audio и во Hi Fi Studios во Милвоки.

Претходно, на 3 август, Четкар со својот џез, соул и фанк ансамбл ќе одржи концерт во Охрид, на крајбрежјето на Охридското Езеро.

 

Како звучи и изгледа новата тема на Четкар, проследете во продолжение:

 

 

To top