Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска полни 51 година.
Нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ беше меѓу првите кои и го честитаа роденденот на социјалната мрежа Инстаграм.
Таа ја објави нивната заедничка фотографија и испрати емотивни зборови.
– Среќен роденден на најдобрата мама на светот! Биди секогаш среќна! Ништо помалку не ти доликува! Те сакам! – рече Анастасија, од што Цеца со сигурност се воодушеви!
За потсетување и Анастасија неодамна на 25 мај го прослави својот 26-ти роденден. Освен оваа Цеца има уште две причини за славење.
Имено, таа неодамна објави дуетска песна со Жељко Јоксимовиќ „Повеќе од среќа“.
Инаку, Цеца и Жељко, кои се пријатели и долгогодишни соработници, со месеци напорно работеа на песната за да ја доведат до совршенство.
Жељко истакна дека чекале 20 години за да се оствари оваа соработка, а Цеца додаде дека во денешно време е тешко да се смисли добра песна.
А синоќа излезе уште еден дует на Цеца, кој го сними со младиот рапер Михајло Веруовиќ Војаж, наречен „Мушкарчина“ и се најде на неговиот нов албум.
фото: printskrin/instgaram