Радио Милева тажна вест

Франсоаз Арди, француската пејачка и модна икона, почина на 81-годишна возраст

Франсоаз Арди, француската пејачка и модна икона, почина на 81-годишна возраст

Франсоаз Арди, популарна француска пејачка и актерка, која имаше бројни албуми и синглови на топ листите, почина на 81-годишна возраст.

Таа се појави на музичката сцена во 1960-тите и стана културна икона која ги инспирираше Мик Џегер и Боб Дилан. Позната по меланхолични балади, Арди беше симбол на француското је-је поп движење.

Родена во окупираниот Париз во 1944, Арди го потпишала првиот договор за снимање на 17 години, а големиот пробив го направила во 1962 со песната „Tous les garçons et les filles“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mansarda (@mansarda_radio)

Нејзиниот стил ги привлекуваше модните дизајнари, па стана модел на Ив Сен Лоран и Пако Рабан, кој специјално за неа креираше миниздолниште со златни плочки. Мик Џегер своевремено ја нарекол „идеална жена“, а Боб Дилан напишал неколку љубовни писма за неа.

Кариерата на Арди траеше повеќе од пет децении, снимајќи речиси 30 албуми. Минатата година, „Ролинг стоун“ ја стави на 162. место на својата листа на 200 најголеми пејачи на сите времиња.

„Како да се збогуваме со неа? Вечната Франсоаз Арди, легенда на француската песна, која со своите мелодии успеа да влезе во срцата на целата држава“, изјави француската министерка за култура Рашида Дати.

На Франсоаз Арди ѝ бил дијагностициран рак пред 20 години и оттогаш нејзиното здравје се влошува. „Мама ја нема“, напиша на социјалните мрежи нејзиниот син Томас Дитрон, кој исто така е музичар, пренесува N1.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thomas Dutronc (@thomas.dutronc)

Фото: printskrin/instagram

To top