Една од најдобрите пејачки на забавна музиката Неда Украден синоќа одржа солистички концерт во Белград.
Популарната пејачка заедно со својата публика ги испеа големите хитови кои ги сними во својата повеќедецениска кариера.
Бидејќи интересот за нејзиниот концерт бил огромен, таа закажала и друг датум.
Неда Украден се појави пред полна сала во елегантен костум со светки и пердуви, а публиката ја поздрави со аплауз.
Таа го отвори настапот со песната „I gde god bio“, а салата беше исполнета целосно исполнета до последното место.
Специјална гостинка која ја воодушеви публиката беше Илда Шаулиќ.
View this post on Instagram
Неда Украден досега снимила над 20 албуми и одржала илјадници концерти низ Балканот.
Фото: printskrin/instgaram/neda.ukraden