Промотер

Јуле Николовска во потрага регионална кариера со – „Момак из другог града“ (ВИДЕО)

Јуле Николовска во потрага регионална кариера со – „Момак из другог града“ (ВИДЕО)

Македонската пејачка Јуле Николовска која важи за еден од оние женски вокали  кои подеднакво добро се снаоѓаат и во поп и во фолк музиката, има нова песна.

Откако претходната  од последниот нтернационалниот музички фестивал „Охридски трубадури 2023“ насловена „Жена кралица“ ја препеа на српски јазик и за истата сними мошне атрактивно видео под закрилта на најголемата продуцентска куќа во регионот „Гранд продукција“, македонската пејачка е се поприсутна во нивните емисии и шоу програми.

Евидентно дека Јуле цели кон високи дострели и има намера да стане позната и надвор од границците на Македонија и да се обиде да освои што поголемо парче од регионот. „Гранд продукција“ се добра понуда, одлична отскочна штица за секоја пејачка со ваква намера иако од друга страна не секоја станува регионална ѕвезда.

Сепак, велат вреди да се проба, па во обидите да почне да ја покорува и тамошната сцена, Јуле Николовска под закрилата на истата продуцентска куќа деновиве сними нова песна која носи наслов „Момак из другог града“. И оваа отпеана на српски, што само докажува на што македонската пејачка атакува. И оваа е авторско дело на неа самата, што значи дека и на музиката и на стиховите како автор се потпишува самата пејачка, додека аранжманот е на Љупчо Павловски.

Како и минатата песна и сега,  токму во една од познатите  шоу емисии на „Гранд“ насловена „Гранд парада“, Јуле Николовска беше гостинка каде ја претстави премиерно песната  и ја промовираше во ТВ етерот.

Овој нејзин настап пејачката го искористила и како замена за класичен видеозапис на емотивна слоу – денс балада во која доминира нејзината моќна вокална интерпретација!

Како сето тоа звучи и изгледа, проследете од видеото во продолжение…

Фото: Јутјуб принтскрин/Jule Nikolovska – Momak iz drugog grada – GP

To top