Куќата на пејачот Харис Џиновиќ во последните недели беше главното собиралиште на голем број медиумски тимови. Причина за ваквото „кампување“ е разводот на пејачот и Мелина по 12 години брак.
Модната дизајнерка ја напушти својата вила во Сењак и изнајми стан во луксузна населба во Белград.
Џиновиќ сега отворено проговори за пропаѓањето на бракот и откри дали наводното изневерување на неговата се уште легална сопруга е причина за разделбата.
– Ќе ви одговорам! Прашај ја неа, таа ме остави мене, не јас неа. Таа ги знае причините, јас ништо не знам. Тоа е тоа – изјави пејачот којразделбата тешко ј поднесе.
– Не, не ми е тешко. Тешко ми беше пред година, година и пол затоа што семејството ми се распаѓаше и слично. Сепак, некако успеав со силата на менталниот склоп кој е доста силен а по малку и тврдоглав. Успеав да го поправам сето тоа и, како што велат, од една битка излегуваш посилен од тоа што беше – изјавил тој.
Фото: printskrin/instgaram/harisdzinovic_official